Македонската ракометна репрезентација вечерва од 20:30 часот во Пореч против Хрватска го игра првиот контролен натпревар во пресрет на Европското првенство 2026. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров веќе трет ден се во Хрватска, каде го одработуваат вториот дел од подготовките. Според првичниот договор со домаќинот Хрватска ќе биде одигран еден натпревар, а потоа националниот тим уште два дена ќе тренира во Пореч. Во Хрватска на подготовки се ...
Македонската ракометна репрезентација по четирите дена подготовки во Скопје денеска заминува за Пореч, Хрватска како втор дел од подготовките за претстојното Европско првенство. Селекторот Кирил Лазаров за Пореч ќе смета на 20 ракометари. На 28. декември (недела) македонските ракометари ќе одиграат и контролен натпревар со Хрватска. Репрезентацијата ќе биде комплетна на 2. јануари во Скопје кога голманот Мартин Томовски ќе се приклучи на ...

