Во некои подрачја во првата половина на јануари паднаа повеќе од 2 метри снег, по 3,7-те метри снег, колку што паднаа во декември, покажуваат метеоролошките податоци.„Утре планирам да прошетам низ градот, бидејќи автомобилот, ми е, за жал, вече еден месец паркиран пред зграда и е целосно затрупан со снег“, изјави Људмила Москвичева, фотограф во Петропавловска-Камчатска, пристанишен град кој се наоѓа 6800 километри источно од Москва. ...

Рускиот далекоисточен полуостров Камчатка се соочува со најобилните снежни врнежи во последните шест децении, создавајќи сцени кои жителите ги опишуваат како нереални и застрашувачки. Огромни снежни наноси, високи и до неколку метри, целосно ги блокираа влезовите на зградите, а автомобилите се буквално исчезнати под дебелите слоеви снег, покажуваат агенциските фотографии и податоците од метеоролошките станици, пренесува „Хина“. Според ...