Убиството на 19-годишниот доставувач Лука М. во хрватскиот град Дрниш отвори сериозни прашања за постапувањето на институциите, откако беше откриено дека осомничениот Кристијан Алексиќ веќе бил обвинет за незаконско поседување и изработка на оружје, пишува „Индекс“. Алексиќ, кој е уапсен по убиството, им бил познат на полицијата и правосудството. Според хрватските медиуми, тој уште во 1994 година, со 17 убоди со нож, убил 22-годишна девојка, ...

Иван Баричевиќ – другарот на 19-годишниот доставувач на пица Лука Миловац во хрватскиот град Дрниш за ХРТ ја опиша кобната вечер кога Кристијан Алексиќ го уби младиот човек додека доставуваше храна. Баричевиќ рече дека Лука се плашел да оди сам на адресата на Алексиќ, па му понудил да оди со него. „Јас, како негов долгогодишен пријател, му понудив да одам со него, реков дека ќе одам со него, дека сè ќе биде во ред, дека сум таму со него. Се ...