Повторно, само неколку дена пред почетокот на новата учебна година, отворена е можноста за штрајк на наставниот кадар. Први септември 2019 година почна со штрајк на наставниците во основните и во средните училишта. Бараа покачување на платите за 25 отсто, а не за пет, како што планираше тогашната владејачка гарнитура. Еден месец подоцна падна и договор – платите се зголемија за 10 отсто. Во 2022 година повторно протестираа, па добија зголемување ...

БИРН: Што доколку нема решение да се зголеми платата годинава? Неделков: Тогаш највисокиот орган на одлучување, Советот на СОНК ќе одржи седница, на која ќе расправа за преговорите и за евентуалните понудени можности и Советот ќе донесе одлука што понатаму. Во овој момент и премногу е рано, а и јас како претседател немам овластувања да кажам што понатаму, сè додека Советот не донесе одлука. Членството реагира со огромно незадоволство. Луѓето се ...