Балканските медиуми се воодушевени од новиот стадион на ФК Пелистер. Стадионот „Петар Милошевски“ во Битола кој е со капацитет од 9.000 седишта, сега е едно од најубавите фудбалски изданија, секако во Македонија, но и на Балканот, пишува босанскиот „Спортспорт“. „Македонија беше меѓу првите што почна да гради стадион, поточно, го реновираа стадионот „Тоше Проески“ во Скопјe. Сега стадионот „Петар Милошевски“ во Битолa, кој е дом на Пелистер, ...

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, изрази задоволство што стадионот „Петар Милошевски“ денес се вбројува меѓу најубавите стадиони не само во Македонија, туку и на Балканот. „Убаво е да се прочита дека нашиот стадион добива вакви признанија и надвор од државата. Особено радува што убавите приказни за Битола допираат далеку“, истакна Коњановски. Ваквите оценки доаѓаат од босанскиот портал „Спортспорт“, кој во својата анализа ...