Уште еден доказ дека Столе Димитриевски не само што го оправдува фактот дека е бр.1 на голманската позиција во Валенсија, туку и тоа дека е еден од најдобрите чувари на мрежата во Ла Лига. Во елитната лига на светскиот првак. Вечерва на “Местаља“, Валенсија остана непоразена од Селта, на крајот беше 0:0, само поради Македонецот кој едноставно беше фантастичен. Покрај тоа што остана со „чиста мрежа“, туку во неколку наврати на бравурозен ...

Столе Димитриевски синоќа на мечот со Селта просто блескаше на голот на Валенсија. Овој меч заврши со резултат 0:0, Македонецот имаше неколку одлични одбрани, но со една посебно се истакна. Токму затоа Ла Лига преку својот медија центар на социјалните мрежи и тоа како го истакна настапот на нашиот репрезентативен голман, нарекувајќи ја таа одбрана на Македонецот – брилјантна. Јасно е дека Димитриевски е еден од најдобрите голмани во Ла Лига, ...

Столе Димитриевски благодарение на извонредните партии се избори за стартерски статус и доби нов побогат договор од Валенсија, но по инсистирање на Карлос Корберан, тимот во новата сезона одново ќе има двајца голмани кои ќе се борат за стартната позиција. Димитриевски беше недопирлив во изминатиот период и немаше вистинска конкуренција во голмани кои не се дел од плановите на Корберан, па затоа Валенсија како клуб инсистираше да донесе ...

Столе Димитриевски и Валенсија вечерва доживеаја прв пораз во новата сезона на Ла Лига и тоа на домашен терен против екипата на Бетис. Во одигрувањето на мечот од 1. коло, Бетис успеа со голот на Гарсија во 82. минута од натпреварот да ги однесе бодовите од „Местаља“. Нашиот репрезентативен голман и денеска беше стартер во дресот на Валенсија, но не успеа да ја сочува својата мрежа. Столе имаше две успешни интервенции, но ударот на Гарсија ...