Милан крена раце од амбициите за скудето за оваа натпреварувачка сезона, а клупските челници веќе кројат планови како да ја засилат екипата во летниот преоден рок. Нападот е делот од тимот каде Милан е „најтенок“ сезонава, па јасно е зошто „росонерите“ се решени да доведат најмалку еден врвен голгетер на „Сан Сиро“. Долго се најавуваше дека тој голгетер ќе биде Душан Влаховиќ, откако Србинот се премисли и реши да остане во Јувентус, сега ...

Најновите информации од Италија велат дека Милан нема да ја активира клаузулата за откуп на централниот напаѓач Никлас Фулкруг, што значи дека германскиот репрезентативец ќе се врати во Вест Хем на крајот од сезоната. Фулкруг му се приклучи на Милан на почетокот на јануарскиот преоден рок како позајмен играч со опција за откуп, која се проценува на околу пет милиони евра. Во тој период Милан беше без класичен напаѓач бидејќи Сантијаго Хименес ...