Рома како гостин ја совлада екипата на Лече со 0-2 во натпревар од 19-тото коло на италијанската Серија А. Избраниците на Џанпјеро Гасперини вечерва ја оправдаа фаворитската улога во Апулија и речиси рутински ја прекинаа серијата од три порази на гостувањата во домашното првенство. Не помина многу време пред Волчицата да поведе. Се играше 14-тата минута кога Еван Фергусон ја искористи асистенцијата на Дибала по убава тимска акција и со гол ги ...
Екипата на Рома дојде до 12-тата победа во Серија А сезонава, откако лесно со 0-2 го совлада тимот на Лече на гостински терен. Фергусон уште во 14. минута го донесе гостинскиот тим во предност. На „печат“ на победата се чекаше до 71. минута од средбата, кога Довбик успеа да ја однесе „волчицата“ до +2, што беше и конечен резултат. Интересно е тоа што Рома и натаму нема ниту еден нерешен резултат сезонава, и е со скор од 12 победи и седум ...

