Иако веќе не е дел од новиот советнички состав, поранешната претседателка на Советот на Општина Битола, Габриела Илиевска од независната граѓанска иницијатива „Поинаку“, денеска се појави во салата и како граѓанка ја следеше седницата на која ќе се носи Буџетот за 2026 година. Илиевска на Локалните избори во октомври беше кандидатката за градоначалничка од „Поинаку“ и освои 21, 80 проценти од гласовите, што беше првпат во политиката во Битола на ...
Невообичаена слика денеска во салата на Општина Битола. Габриела Илиевска, доскорешната претседателка на Советот и лидер на „Поинаку“, се појави на седницата за носење на Буџетот за 2026 година, но овој пат не од говорницата, туку од делот за публика. Иако не е дел од новиот советнички состав, Илиевска порача дека нејзината политичка борба не завршува со функцијата и дека ќе биде „сенка“ на новата власт. „Имам обврска кон 8.000 битолчани“ ...

