Општина Кочани ја објави програмата за одбележување на првата годишнина од трагедијата од 16 март 2025 година, во која животот го загубија 63 лица. Во периодот од 14 до 16 март, преку повеќе религиозни, спортски и комеморативни активности, градот ќе им оддаде почит на загинатите. Одбележувањето започнува во сабота, 14 март, со верски обреди. Во 08:00 часот во црквата „Св. вмч. Георгиј Победоносец“ ќе се служи литургија за покој на душите на ...

Државната и локалната власт во Кочани се подготвуваат за одбележување на годишнината од најголемата трагедија во историјата на државата. Владата в сабота ќе организира Меѓународна конференција во чест на 63-те загубени животи. На конференцијата планирани се панели на кои ќе се анализира одговорот на државата по пожарот во импровизираната дискотека „Пулс“, но ќе се бара и начин како системот да се зајакне во иднина. Општина Кочани, пак, во ...