WhatsApp слободно може да се каже дека е една од најактивно развиваните апликации, барем од овој вид. Meta редовно пушта новини кај апликацијата која ја купи пред 10 години, а сега истата добива и освежување на дизајнот. Главната разлика ќе се забележи кај Android верзијата од WhatsApp која ја добива главната лента на долната позиција, нешто што се најавува со месеци, а одамна е случајот кај iOS верзијата. Со тоа корисниците добиваат унифицирано ...

Новото ажурирање на популарната алатка за пораки ќе донесе малку поедноставен изглед, нова шема на бои и икони, заедно со некои нови илустрации и анимации. Сосема очекувано, тоа нема да им се допадне на сите. WhatsApp денеска во светот веројатно има повеќе од три милијарди активни корисници во светот, а скоро сите од нив наскоро ќе добијат нов кориснички интерфејс со кој секојдневно ќе се среќаваат. Мобилната апликација за допишување на Meta ...