Ова е првпат од почетокот на руската инвазија објект на украинската влада да биде директно оштетен. Од снимките и фотографиите се гледа како од покривот на зградата се издига густ чад, но сè уште не е потврдено дали станува збор за директен напад или за остатоци од соборено беспилотно летало. Премиерката на Украина, Јулија Свириденко, изјави: „За првпат владината зграда е погодена од непријателски напад, со оштетувања на горните катови и ...
Утрово избувна пожар во владина зграда во центарот на Киев, јави украинскиот ТВ канал „Обштественое“. „Во Печерскиот реон зградата на кабинетот е во пламен“, се наведува во објава на Телеграм. Порталот „Страна.уа“ објави фотографија на која се гледа густ чад над Плоштадот на независноста. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, потврди дека станува збор за владина зграда во Печерскиот реон и дека на местото интервенираат противпожарни екипи. ...