Апликацијата „Мој ДДВ“ во континуитет има одредени технички проблеми. И во моментот, деновиве повторно имаше технички проблеми, меѓутоа би можеле да зборуваме генерално за целокупната состојба на ИТ системите на УЈП и тука сме реални и не се криеме од јавноста, рече директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова во интервју во вечерашната „Топ тема“ на Телма ТВ. „Цело време истакнуваме, состојбата е таква затоа што со години наназад ...
Граѓаните во последно време сè почесто не може да ги скенираат фискалните сметки, што го отвора прашањето за судбината на мерката „Мој ДДВ“. И покрај објаснувањето од Управата за јавни приходи дека се работи на надградување на информацискиот систем, сепак, фактот дека со мерката се трошат јавни средства го оправдува сомнежот за нејзино укинување. Ставовите на финансиските институции се дека укинувањето на „Мој ДДВ“ воопшто не е на маса, дека ...

