Вардар по шест години се врати на тронот во македонскиот фудбал, а за тоа добива и место во квалификациите за Лигата на шампионите каде последен пат играше во 2017 година, онаа историска евро-сезона до групите во Лига Европа. Заради слабиот коефициент и фактот дека не играл долго време во Европа, Вардар ќе биде меѓу неносителите. Познати се скоро сите потенцијални ривали, а листата ќе биде комплетирана по крајот на шампионатите на Ерменија и ...
Фудбалерите на Вардар денеска ја потврдија титулата во македонското првенство, а триумфот над Струга значи крај на постот кој траеше шест години. Скопскиот тим повторно е на врвот на македонската фудбалска сцена и си избори место во квалификациите за Лигата на шампионите, а една од првите поважни честитки дојде од ракометниот клуб Вардар. Во ситуација кога „црвено-црните“ уште претходно ја прославија титулата во ракометната конкуренција, сега ...

