На прес-конференција по завршувањето на денешниот состанок, на кој ЕЦБ ги задржа каматните стапки непроменети, претседателката на централната банка Кристин Лагард изјави дека економијата на еврозоната е отпорна и во „добра состојба“ и се очекува да продолжи да расте, предводена од секторот на услуги. Таа, исто така, истакна дека тензиите во глобалната трговија веројатно ќе имаат негативно влијание врз растот во еврозоната оваа и следната година, ...
„Економијата на еврозоната покажа отпорност, растејќи за 0,3% во третиот квартал, главно како резултат на посилната потрошувачка и инвестиции.“ Ова го изјави претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ) Кристин Лагард пред новинарите по состанокот на финансиската институција со седиште во Франкфурт, кратко откако беше одлучено каматните стапки во регионот да останат непроменети. Така, во четвртокот, каматните стапки на депозитниот систем, ...

