Тој нагласи дека работниците бараат фер вреднување на својот труд и достоинствени примања, а не, како што рече, „милостина“. Пешевски ги отфрли обвинувањата дека работниците не биле доволно продуктивни, оценувајќи дека ваквите тврдења доаѓаат од луѓе кои живеат во луксуз и немаат допир со реалноста на секојдневниот труд. „Ако велат дека ние не сме продуктивни, тогаш нека дојдат тие да работат на скеле, да сечат шуми и да видат како изгледа ...
Претседателот на Синдикатот за градежништво – СГИП при Сојузот на синдикатите на Македонија, Иван Пешевски, со остра порака реагира на изјавите на премиерот дека работничките протести се „политички мотивирани“. „Кога работникот ќе го отвори фрижидерот и ќе го најде празен – тоа е политика. Кога нема пари за лекови – и тоа е политика. Кога македонските работници земаат најниска плата во Европа – тоа е политика и тоа ваша политика“, порачува ...

