Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, денеска и утре, престојува во работна посета на Република Словачка на покана на министерот за финансии, Ладислав Каменицки. Во рамки на посетата, информираат од нејзиниот Кабинет, предвидена е тет-а-тет средба меѓу двајцата министри, како и билатерални состаноци на делегациите и средба на државните секретари во министерствата за финансии на двете земји Андриана Матлиоска од македонска ...
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска оствари тет-а-тет средба со својот словачки колега Ладислав Каменицки, на која беше потврдена заедничката заложба за продлабочување на економската соработка меѓу двете земји. На средбата, како што информира Димитриеска-Кочоска, била изразена силна поддршка од страна на Словачка за евроинтегративниот процес на Македонија, како и подготвеност за споделување на искуства и експертиза, особено ...

