Лука Дончиќ одигра уште една импресивна партија на стартот на 2026-та година, а рано утрово Словенецот флертуваше и со трипл-дабл учинок во доминантното издание кое го имаше против Мемфис Гризлис. Ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс беше многу блиску до двоцифрен учинок во сите три најважни статистички елементи, но на крајот го заврши мечот со 36 поени, 9 скокови и 8 асистенции зад своето име. Импресивното издание на Словенецот беше движечка сила ...

Кошаркарите на Феникс санс го победија бранителот на титулата во НБА лигата Оклахома сити тандер со 108:105 со тројка на Девин Букер во последните секунди од натпреварот. Феникс успеа да се врати од негатива од 18 поени на домашен терен. Иако гостите имаа водство од 100:94 на четири минути до крајот на мечот, Санс направија серија од осум поени за да дојдат до пресврт и да направат драматична завршница. Топката отиде кај првата ѕвезда на ...