Општина Илинден започна со реконструкција и санација на Домот на култура во населеното место Мралино, во рамките на програмата за обновување на домовите на култура на територијата на општината. Проектот предвидува комплетна обнова на кровната конструкција, поставување нов пластифициран лим, како и монтажа на нови хоризонтални и вертикални олуци, со што ќе се обезбеди долготрајна заштита на објектот. Предвидено е поставување нови ПВЦ врати и ...
Илинден ќе добие обновена спортска сала, додека во Мралино ќе се санира Домот на културата. Од Општина Илинден информираат дека реконструкцијата на спортската сала се врши по речиси дведецениско нејзино користење. Проектот опфаќа санација на паркетот со стружење и нанесување три слоја специјален заштитен лак отпорен на гребење и пролизгување, како и целосно ново бележење на теренот за повеќе спортски дисциплини. Ќе бидат извршени и ...

