Ракометарите на Еурофарм Пелистер го претрпеа шестиот пораз во Лигата на шампиони, откако вечерва на гостински терен загубија од унгарски ПИК Сегед со 35-20 (14-9) во рамки на осмото коло во групата Б. Унгарскиот тим ја оправда фаворитската улога пред своите гледачи и му се реваншираше на македонскиот првак за поразот (25-24) пред една недела во Битола. Дејан Манасков, Алем Хаџиќ и Петар Атанасијевиќ со по три голови беа најефикасни во редовите ...
По победата во претходното коло во Лигата на шампионите пред своите навивачи ракометарите на македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер ги очекува нов натпревар против истиот ривал ПИК Сегед, но на негов терен. На дуелот во Битола во неизвесна завршница „битолчани“ стигнаа до втората победа во групата. – Задоволни сме од триумфот во Битола, но во исто време сме внимателни пред возвратниот дуел. Ќе биде потешко од првиот натпревар, тоа е ...

