На кошаркарскиот клуб Монако му се заканува тотален колапс откако кошаркарите најавиле дека нема да настапат на претстојниот меч против Шалон во француското првенство. Причина се – платите што се должат во Монако и неодговорноста на управата која повторно ги излажа играчите со ветувањето дека парите ќе ги земат најдоцна до петти февруари. Долговите на актуелниот европски првак се зголемуваат се повеќе, па така кошаркарите не ја земале ниту ...

Кошаркарите на Монако се во тежок период од сезоната, како за нив така и за клубот. Се бара нов сопственик на клубот, а Кнежевството го презема раководењето на клубот. Сето тоа се одразува и на резултатите на екипата на Василис Спанулис, која има серија од пет порази во Евролигата и пад на табелата. Последните информации се дека играчите едноставно не сакаат да играат односно најавија и штрајк на натпревар од француското првенство, доколку не ...