Превозниците од Западен Балкан ги блокираа граничните премини за товарен транспорт од 26 до 30 јануари, барајќи да се најде системско решение за престојот на професионалните возачи во Шенген зоната, што во моментов подразбира максимум 90 дена во период од 180 дена. Долгогодишниот проблем во меѓународниот транспорт ескалираше со почетокот на примената на Системот за влез и излез (EES), со кој се воведе автоматизирана контрола на влез и излез ...

Министри од шесте земји од Западниот Балкан и претставници на Европската комисија денеска ќе одржат состанок во онлајн формат посветен на предизвиците со кои се соочуваат превозниците од регионот при патување и престој во Шенген зоната. Според најавите, на состанокот ќе присуствуваа министри за внатрешни работи, за транспорт и за европски прашања од земјите од Западниот Балкан и претставници на генералните директорати на Европската комисија ...