Селекцијата на Македонија за кошаркарки до 18 години го претрпе и четвртиот пораз во низа на европското првенство – Б дивизија откако нашите млади кошаркарки загубија со 65-80 на дуелот со Словачка. „Црвено-жолтите“ имаат за што да жалат ако се земе во предвид одличното прво полувреме во кое постигнаа дури 44 поени, на одмор заминувајќи со предност од 44-43. Вториот дел за жал донесе поинаква слика, па македонските млади кошаркарки за 20 ...
Женската јуниорска репрезентација на Македонија го претрпе и четвртиот пораз на Европското првенство од Дивизијата „Б“ за кошаркарки „Под 18“ години, кое се одржува во романскиот град Тулчеа. Во последниот натпревар од групната фаза, нашата селекција беше поразена од Словачка со 80:65. И покрај поразот, македонските јуниорки го одиграа своето најдобро прво полувреме на шампионатот. По израмнетите воведни десет минути, во кои Македонија имаше ...
Македонската женска јуниорска репрезентација ја запиша првата победа на Европското првенство од Дивизијата „Б“, откако во натпреварот од групата за пласман убедливо ја совлада Норвешка со 67:41. По несреќниот пораз од Азербејџан, македонските кошаркарки влегоа во мечот со голема мотивација и желба да покажат дека имаат квалитет и карактер за победнички настап. Тоа го потврдија уште од првите минути. Македонија одигра фантастична прва ...

