Арсенал е нов шампион на Премиер лигата, стигнувајќи до престижниот трофеј за прв пат по ерата на „Непобедливите“ на Арсен Венгер во 2004 година. Долгоочекуваната титула за лондонскиот клуб беше официјално потврдена откако нивниот главен ривал Манчестер Сити киксна и ремизираше 1-1 на гостувањето против Борнмут. Овој триумф претставува круна на извонредното достигнување за Микел Артета на неговата прва менаџерска работа. Шпанецот целосно го ...

Лондон, 19 мај 2026 (МИА) – Фудбалерите на Арсенал се нови шампиони на Англија. На едно коло пред крајот за сезоната 2025/26 „Топчиите“ ја обезбедија шампионската титула. Второпласираниот Манчестер сити вечерва ремизираше 1:1 на гости против Борнмут, со што им се стави крај на математичките шанси да го стигне лидерот. Напаѓачот на домаќините, Ели Жуниор Крупи, постигна гол во 39. минута, Сити израмни преку Ерлинг Халанд во 90+5. минута. Во ...