Лидерот во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), екипата на Вардар, повторно ќе ги игра натпреварите на најголемиот стадион во Македонија. По неколку мечеви одиграни на тренинг-центарот на ФФМ, најтрофејниот фудбалски колектив пак ќе игра на Арената „Тодор Проески“, веќе од натпреварот против Брера Струмица на стартот на третиот круг. Мечот меѓу Вардар и Брера се игра на 14 март од 14:30 часот, а билетите за мечот се веќе пуштени во ...
Повеќе од четири месеци поминаа откако Вардар го одигра последниот меч на арената „Тодор Проески“. Тоа беше на 9 ноември минатата година кога со 3:1 го победија Тиквеш. По тој меч, вардарци одлучија да играат на тренинг центарот на ФФМ „Петар Милошевски“. Сега, челниците на најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија одлучија дека е време Вардар да се врати во својот винстински дом, на Арената. Тоа ќе биде на првиот меч од третиот решавачки ...

