Како го доживувате празникот Бадник – успевате ли тој ден целосно да го поминете дома со семејството? – Бадник за мене е празник на семејството и на длабоко вкоренетата македонска традиција што со векови се негува и се пренесува од генерација на генерација. Тоа е ден кога сите сме сплотени околу посната трпеза и со тивка радост ја очекуваме најсветлата вест, раѓањето на Исус Христос. Од детството носам силни спомени од Бадник. Се сеќавам ...
Во христијанската народна традиција постојат длабоко вкоренети верувања и обичаи поврзани со најсветлиот празник – Божиќ, празникот над празниците, кој го симболизира раѓањето на Исус Христос. Во пресрет на оваа радосна и спасоносна вест, денот пред Божиќ се одбележува Бадник – ден исполнет со тишина, бдеење и духовно исчекување на Христовото раѓање. „Кај и да си за Бадник и Божиќ дома да си!“ е народна изрека што со векови ги пренесува ...

