Пратеничката Драгана Бојковска по повод Меѓународниот ден на младите упати порака за поголема поддршка на младите, истакнувајќи дека тие се двигател на развојот на државата и дека треба да се создадат услови за нивен личен и професионален напредок во Македонија. Во својата објава на социјалните мрежи, Бојковска се спротивстави на, како што наведе, дефетистичките пораки дека младите немаат перспектива во земјата и дека треба да ја напуштат. ...

Скопје, 12 август 2026 Без младина, не би било замисливо постоењето и развојот на една држава. Во Македонија може да се успее – младите се сегашноста, не само иднината. Затоа, мора да градиме здрава, образована и самоуверена младина. Таа младина ќе продолжи да ја гради Македонија, пишува пратеничката и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска во објавата на својот фејсбук профил што МИА ја пренесува интегрално. На овој ден, сакам да ...