Кандидатот за градоначалник на Општина Гостивар од Национална алијанса за интеграција, Ваљбон Лимани и носителот на листата за советници, Ваљдет Џафери попладнево беа на средба со млади, на која ги претставија проектите и активностите во изборната програма предвидени за младата популација. „Една од точките во нашата програма е поддршка за сите млади до 30 годишна возраст кои ќе отворат нови бизниси, општината ќе ги субвенционира со по 60.000 ...

Кандидатот за градоначалник на општина Гостивар од коалицијата ВЛЕН, Себаедин Даути на денешната прес-конференција се осврна на проблемите со долгот и раководење со локалната самоуправа. Даути истакна дека Гостивар е најзадолжената општина во Македонија, со активен долг од 20 милиони евра. Тој го критикуваше и раководењето на јавните претпријатија и нагласи дека во градот нема ниту чистота, ниту одржувана инфраструктура, ниту видливи ...