Задолжителниот пензиски фонд претставува лична заштеда за пензионерските денови, која се акумулира со текот на времето и е наменета за идната пензија на осигуреникот, а не за исплата на пензии на други лица, информираат од КБ Прво пензиско друштво. Пензијата во иднина ќе се состои од два дела. Првиот дел се исплатува од Првиот пензиски столб и се пресметува според законски утврдена формула. Вториот дел се исплатува од средствата што се ...
Пари што денес не стигнуваат навреме на пензиската сметка, утре може да значат помала пензија. Не веднаш, не на следната плата, не на изводот што ретко кој го отвора. Но, по години работа, кога ќе дојде редот за пензија, тие задоцнети месеци веќе нема да бидат само техничка грешка. Ќе бидат изгубен принос. Ревизорските наоди покажуваат дека Фондот за пензиско и инвалидско осигурување не ги префрлал навремено придонесите што треба да завршат ...

