Времето денес (петок) наутро ќе биде студено со услови за појава на магла по котлините. Преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Температурата во гостиварскиот регион ќе биде во интервал од -3 до 7 степени. Во деновите од викендов што следува ќе имаме стабилно и суво време со студени утра, на повеќе места со негативни утрински температури, а ...

Најстудено утрово е на Попова Шапка со измерени -8 степени Целзиусови, а најтопло со 4 степени е во Гевгелија. Во Маврови Анови се измерени -5 степени, -4 Крушево, -3 Дебар, -2 степени во Крива Паланка, Охрид, Битола и Берово, -1 Претор, 0 Тетово, Прилеп и Виница, 2 степени во Скопје-Зајчев Рид, Штип, Демир Капија, Струмица и Кавадарци и 3 степени во Скопје-Петровец и во Велес. Висината на снежната покривка во 7 часот на Попова Шапка е 30 ...