Поранешниот македонски репрезентативец Леонард Жута, постигна нов прекрасен гол за Славен Белупо, со кој неговиот тим одигра нерешено 2-2 во дуелот против Вуковар. Левиот бек донесе предност во 11. минута, а неговиот тим во 36. минута стигна до предност и од 2-0. Сепак, домашните се вратија и успеаја пред финишот од првиот дел, и на крајот од вториот дел да дојдат до израмнување. За Жута ова беше втор гол во првенството на Хрватска сезонава. ...
Леонард Жута, некогашниот македонски репрезентативец а сега член на Славен Белупо, денеска во меч од 23.коло во елитната лига на Хрватска, постигна фантастичен гол, еден од најубавите сезонава во лигата. Имено се играше 11 минута од натпреварот со Вуковар на гости, кога искусениот бек оддлево од околу 25 метри шутираше во спротивниот агол. Сите очекуваа тој да нафрли, ама Жута и тоа како се прослави. Мечот на крајот заврши со резултат 2:2, а ...

