Охридското Езеро за многумина е првата асоцијација со Северна Македонија. Езерото се протега меѓу Албанија и Северна Македонија и важи за популарна туристичка дестинација која сѐ уште не е откриена од масовниот туризам. Но, земјата има многу што да понуди и надвор од ова познато одредиште, пишува германски „Билд“ во текст со наслов: „Потценетиот главен град на Балканот“. Весникот го насочува вниманието кон Скопје и неговите знаменитости. Од ...

Патеписците на списанието „Тајм аут“ го прогласија Охридското Езеро за најубаво место во Европа, опишувајќи го како многу поприфатлива и помирна алтернатива на популарното италијанско езеро Комо. Додека езерото Комо во италијанскиот регион Ломбардија е познато по познати личности, луксузни вили и големи толпи, Охридското Езеро им нуди на посетителите поинакво искуство. Како што пишува „Тајм аут“, Европа крие голем број импресивни, но помалку ...