Преку медиумите, информирани сме дека претставникот на Владата истакнал дека Иницијативата на ССМ за намалување на функционерските плати е полна со политикантство и најмалку ги штити интересите на самите работници и дека ова што се предлага е неуставно и веќе е докажано во минатото. Дека нивната стратегија е единствениот уставен пат – преку законски измени на коефициентите да го спречи натамошниот раст на платите и постепено да го вратат ...

Сојузот на синдикати во средата во Собранието поднесе иницијатива за измени на Законот за плата и други надоместоци на пратениците во Собранието на Република Македонија и другите избрани и именувани лица. Со тоа, како што велат од Синдикатот, побара од пратениците сами да поднесат законски измени, а доколку тие не го направат тоа, тогаш, според регулативата, ќе соберат 10.000 потписи од работниците и ќе добијат право сами да поднесат измени ...