Македонскиот кошаркар, Ненад Димитријевиќ и неговиот Баерн Минхен забележаа уште една победа во Германија, овојпат на гостувањето кај Трир со 104:80. Евролигашот ја доби тесно првата четвртина со 21:19, но потоа издоминира во вториот период (34:18) и создаде предност која беше недостажна за домашниот тим. Нашиот Нено еден од шестмината играчи на баварците со двоцифрен учинок (10 поени), а воедно беше и прв асистент (заедно со Обст) со шест ...

Кошаркарите на Баерн (М) остварија нова победа во германскиот шампионат, откако вечерва беа подобри од Вирцбург на гостински терен со 81:90. Нашиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ беше дел од гостинскиот тим и мечот го заврши како трет најдобар реализатор кај Баварците. Во победата на неговата екипа, Димитријевиќ запиша 16 поени со 5 скока и 9 асистенции и беше на само една асистенција од „дабл-дабл“ ефект. За екипата на Баерн ова беше ...