Со одржување на првата јавна расправа во Музејот на македонската борба во Скопје, официјално започна процесот за креирање на новата Национална стратегија за развој на туризмот за периодот од 2027 до 2032 година. Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, посочи дека овој стратешки документ е од клучно значење за градење на модерен, одржлив и конкурентен туристички сектор во државата. Според ресорниот министер, новиот стратешки пристап е ...

На јавната расправа беше истакнато дека туризмот има значаен, но недоволно искористен економски потенцијал, а клучните предизвици се високата сезоналност, недоволната вредност од турист, како и сивата економија. За подготовка на стратегијата, во наредниот период ќе се спроведе обемно истражување за состојбите во секторот, од каде што преку детални анализи ќе се добијат одговори и насоки за одржливи политики, кои треба да станат дел од ...