Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје ги заврши настапите во регуларниот дел на АБА-2 лигата. „Штрковите“ загубија кај Широки Бријег по продолженија (111-109) и така остануваат во долниот дел на табелата кој не води во плеј-офот. На аеродромци им требаше подвиг и победа со висока разлика, но не успеаја да ја остварат целта. Тимот на Васко Атанасов играше егал-меч се до 33-34, а потоа ривалот влезе во серија и замина на високи 17 поени ...

МЗТ Скопје Аеродром со пораз на гости кај Широки Бријег од 111:109 дури во две продолженија го заврши неславниот настап во АБА 2 лигата сезонава. Ова беше последен меч од групната фаза во ова натпреварување, а МЗТ на крајот заврши со четири победи и исто толку порази што беше доволно за 10 место на табелата. Овој пласман на крајот не беше доволен за македонскиот првак да биде во Топ 8 и тука завршува ова регионално натпреварување за МЗТ. ...