Министерството за здравство го објави предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за земање и пресадување на делови од човечкото тело, со кој се олеснува процесот на дарување на органи и се зголемува заштитата на правата на пациентите. Со новите одредби, секој полнолетен граѓанин може доброволно да изрази согласност за донорство, било кај својот избран лекар или преку мобилна апликација „Мое здравје“. Истиот систем овозможува и ...
„Од досегашната примена на законот произлезе потреба да се направат измени и дополнувања во насока на проширување на кругот на лица кои можат да бидат живи дарители на органи, олеснување и измена на административните постапки и овозможување секој граѓанин со изјава кај својот матичен лекар да се определи за потенцијален донор на органи по смртта. Ова е уште еден чекор во насока на подигнување на јавната свесност за значењето на ...

