Продолжуваат големите изненадувања на Вимблдон, откако полската тенисерка Ига Швјонтек го заврши настапот уште во третото коло. Подобра од поранешната светска тенисерка број еден беше Филипинката Александра Ијала, која славеше со 7-6/9, 6-2 и обезбеди пласман во осминафиналето. Во осминафиналето Ијала ќе игра против Италијанката Жасмин Паолини, која без поголеми проблеми ја совлада Марија Сакари со 6-1, 6-2. Во следната фаза се пласираа и ...
Наоми Осака првпат во кариерата ќе игра четвртфинале на Вимблдон, откако вечерва во осминафиналето ја совлада првата носителка Арина Сабаленка. Јапонката беше подобра со 6-2, 7-6, потврдувајќи дека годинава гренслемите се ноќна мора за најдобрата тенисерка на светот. Белорусинката имаше серија од 122 мечеви по ред на кои немаше пораз од 0-2 во сетови, а во осминафинале на гренслем немаше испаднато уште од „Ролан Гарос“ во 2022. Со овој пораз, ...

