Дербито меѓу Шкупи и Вардар (2-0) во Чаир го одбележа однесувањето на домашните навивачи и нивните изливи на национализам и шовинизам, по што следеше реакција од најтрофејниот македонски клуб. Вардар го осуди вчерашното националистичко дивеење на трибините од страна на домаќините, кои неколку пати ги гаѓаа вардаровите фудбалери и со пиротехнички средства. „Црвено-црните“ побара реакција од Министерството за внатрешни работи (МВР) и Фудбалската ...

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар преку соопштение информира за настаните кои се случувале за време и по завршувањето на прволигашкиот дуел против Шкупи, кој вчера се одигра на стадионот во наслебата Чаир. Како што велат од ФК Вардар, во текот на целиот меч биле навредувани на национална основа, а по нивните фудбалери биле фрлани пиротехнички средства. Сепак, од ФК Вардар истакнуваат дека од страна на раководството на Шкупи биле ...