Наместо претседателот Володимир Зеленски, Украина ќе ја испрати премиерката Јулија Свириденко на клучниот форум за обнова на земјата во Полска, во обид да го заштити настанот од актуелниот дипломатски спор меѓу двете земји, објави Ројтерс. Свириденко денеска изјави дека ќе ја предводи украинската делегација на дводневната Конференција за обнова на Украина (УРК), која започнува во четврток во Гдањск, полско пристаниште на Балтичкото Море. ...

Годишната конференција за обнова на Украина се отвора во Гдањск, Полска, денеска без Володимир Зеленски поради тензиите со Варшава, а приоритет е обновата на енергетскиот сектор, кој беше тешко погоден од војната со Русија. Киев во вторник, по неколку недели горчливи несогласувања со Полска околу Втората светска војна, објави дека украинската делегација ќе ја предводи премиерката Јулија Свириденко, а не претседателот Зеленски. Конференцијата ...