Охридскиот договор не беше договор на победници и поразени, беше договор со кој државата доби можност да продолжи напред, да се развива и да го трасира патот за идните генерации. Соживотот не значи само да живееме едни покрај други туку и едни со други и едни за други. Денес не се навраќаме на минатото за да ги оживееме старите поделби. Му се навраќаме за подобро да разбереме што нè одржа заедно, беше истакнато на настанот што се одржа ...

Дваесет и пет години се доволно долг период за еден историски и политички договор да престане да се оценува само низ емоциите, стравовите и политичките околности во кои бил создаден и да почне да се оценува според она што навистина го произвел во општеството. Затоа пораките што ги слушнавме по повод 25-годишнината од Охридскиот рамковен договор заслужуваат внимание. Беким Сали порача дека различноста не треба да ја гледаме како слабост, туку ...