Голема акција на МВР, се апсеа лица осомничени за трговија со дрога. На 28/29.11.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Д.К.(29) од Р. Словенија, О.О.(30) од Р. Турција, М.И.(39), Р.Ш.(42) и К.К.(43) сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана, бела грутчеста материја и четири шишиња со течност. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци. ...
Синот на озлогласениот мексикански нарко-бос „Ел Чапо“, Хоакин Гузман Лопез, се изјасни за виновен по обвиненијата за трговија со дрога во САД, неколку месеци откако неговиот брат склучи договор за признавање на вина. Хоакин Гузман Лопез се изјасни за виновен по две точки од обвинението за трговија со дрога и продолжување на криминалното дело, објавија американските медиуми. Тој и неговиот брат Овидио Гузман Лопез се обвинети за водење фракција ...

