На 28-ми октомври во 20 часот, во КСП Центар –Јадро ќе биде отворена самостојна изложба со наслов „Траги”, на визуелниот уметник Горан Ристовски. „Во овој негов циклус дела, заинтригиран од модификацијата на природниот пејзаж, и одново „привлечен“ од сензацијата која цртачките елементи на изразот и класичниот графички отисок се способни да ја дадат, Ристовски, инаку графичар по вокација, одново се навраќа на чистиот графички израз, ...
Денес со почеток од 19:00 часот во КСП Центар-Јадро, ќе биде отворена самостојната изложба на Горан Ристовски насловена како „Траги“. Горан Ристовски е визуелен уметник кој живее и работи во Струга. Во 2009 година дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, на отсекот за графика, насока графички дизајн. Во 2013 година заедно со други локални уметници го формираат уметничкото здружение ИНКА, преку кое следните 7 години ќе ...