Денеска во 00:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Марино, општина Илинден, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „хјундаи тусон“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(36) од Гевгелија и мопед управуван од 16-годишник од с.Идризово, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле малолетникот и неговата 13-годишна сопатничка од населбата Илинден, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. ...
фото: МВР На 13.09.2025 околу 17:20 часот во ОВР Виница е пријавено дека во круг на бензинска пумпа во Виница, товарно возило „ман“ со винички регистарски ознаки, управувано од С.С.(54) од Пробиштип, удрило во Љ.П.(72) од Пробиштип, кој претходно излегол од паркирано товарно возило „сканија“ со винички регистарски ознаки. По несреќата Љ.П. е пренесен во Општата болница Кочани, каде што лекар констатирал смрт. Извршен е увид од увидна екипа од ...