Македонски претприемачи од Велес заработиле милиони преку измами со продажба на лажни сувенири со ликот или потписот на Доналд Трамп, пишува Српската национална новинска мрежа (SNNW), која спровела своја истрага реагирајќи на анонимно писмо. Пленот бил милионски. Само од продажба на некоја AMF System Card ќариле над 4 милиони долари за само неколку месеци, а имаат уште дузина производи. Велес се прочу низ светот за време на изборите во САД во ...

Се работи за интернет продажба преку разни „специјализирани“ сајтови на лажни сувенири, главно поврзани со ликот и делото на Доналд Трамп. Беверли од САД на истражувачите на СННВ им ја раскажа приказната: „Јас и мојот сопруг првпат се запознавме со производите на TРБ (банкарски систем за попуст на Трамп) преку апликацијата Tелеграм во средината на 2023 година. Сè изгледаше ветувачки во видеата што ги видов, и решив да инвестирам околу 10.000 ...