МЗТ Скопје се соочува со огромен предизвик во последното коло од АБА2 лигата, во кое на македонскиот првак му е потребно чудо за да стигне до пласман во нокаут фазата од регионалното натпреварување. Имено, аеродромци вечерва во 20 часот му гостуваат на Широки Бријег, тим што беше лидер на табелата во пресрет на оваа последна рунда. МЗТ не само што треба да победи, туку и таа победа мора да биде изразена со најмалку 15 поени разлика ако ...

Кошаркарите на МЗТ Скопје А. не успеаја да направат изненадување на гостувањето кај Широки и со пораз (111:109) по две продолженија ги завршија настапите во регуларниот дел од АБА 2 лигата. Вечерва момците на Васко Атанасов одиграа просечен меч и му дозволија на домашниот тим континуирано да го оддржува водството во првите три четвртини, па се обидоа да дојдат до комплетен пресврт за победа во последните 10 минути, но успеаја само да се ...