На 13 февруари (петок) во 18 часот во фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе се одржи поетско – музичката манифестација „Љубов и вино“, а ја реализираат ЦК „Марко Цепенков“ и Клубот на литературни творци Прилеп. Манифестацијата стана традиција. Поетско музичката вечер е посветена на љубовта и виното, а се одржува по четврт пат. Ќе думаме за љубовта, за првите бакнежи, за виното и ќе го празнуваме св. Трифун и св. ...
В сабота на 14 февруари од 20.00 часот, во кафе-галеријата „Лувр“ во Прилеп, по седми пат ќе се одржи поетскиот перформанс „Љубење со стихови“ во органзиација на Здружението ЗОКУМ. Поетите Филип Димкоски и Лина Димоска, пред публиката ќе претстават дел од нивната поезија со љубовни мотиви, а ќе овојпат во програмата ќе прозвучат стиховите на француските поети на љубовта како Жак Превер, Гијом Аполинер, де Беранже, Бодлер, Пол Елијар, Стефан ...

