Кривичниот суд, Јавното обвинителство и Адвокатската комора уверуваат дека ќе направат сѐ за судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животот го загубија 63 лица, а беа повредени околу 200, да се одвива непречено и ефикасно. Од Кривичниот суд информираат дека ќе бидат преземени засилени безбедносни мерки, вклучително и присуство на лекарска екипа. Оштетените сведоци нема да можат да ја следат постапката до нивното ...
„Она што го бараме не е услуга или привилегија, туку обврска на државата, фер, транспарентно и навремено судење“, изјавија родителите на жртвите во кочанската трагедија, пред Кривичниот суд во Скопјe. „Нашите најблиски не се меѓу нас, но ние сме нивниот глас. Бараме судење без одложување, без притисок, без прикривање докази, без селективност, за да се утврди секоја одговорност, без разлика колку е непријатна. Многу семејства живеат со оваа ...

