Швајцарија е синоним за неутралност, а нејзиниот Устав предвидува дека не се вклучува воено во меѓународни конфликти. Но, дури ни тоа не е доволно за некои швајцарски политичари Тие сакаат да ја прошират неутралноста на економски и дипломатски санкции, што би можело да има сериозни последици за односите на земјата со нејзините западни сојузници. Во едно мало кафуле во Женева, Ле Дерби, неколку мажи дискутираат токму на оваа тема со пиво. ...

Во „Ле Дерби“, мал аголен локал во Женева, четворица мажи пијат пиво по завршувањето на работниот ден. Еден од нив, Бени, отвора тема што предизвикува жестоки расправи, пишува Томас Вагнер за Тагесшау. – Многу е важно да ја имаме оваа неутралност. Не како сега, кога Швајцарија зазеде страна поради Русија – вели тој. Со тоа Бени допира до чувствително прашање: принципот на неутралност е вграден во швајцарскиот Устав. Сепак, по извесно ...