Шкендија Арачиново е во одличен налет во полуфиналниот Куп-натпревар со тетовска Шкендија, а тоа се потврди со одличниот погодок на Фикрет Ливарека, кој донесе предност на паузата меѓу двете полувремиња. Арачиновци се прикажаа во добро светло против истакнатиот фаворит, а Ливарека биеше со одличен удар од десетина метри, совладувајќи го голманот Амзаи во 43. минута. Двете Шкендии водат жестока битка за пласман во финалето на најмасовното ...
Актуелниот шампион Шкендија направи важен чекор кон финалето во Купот на Македонија, откако на домашен терен со 3-2 славеше против Шкендија Арачиново во првиот полуфинален дуел. Натпреварот започна идеално за тетовци, кои уште во раната фаза добија пенал, а сигурен реализатор беше Трумчи за водство од 1-0. Домашниот тим имаше можност и да ја удвои предноста, но не успеа да ја искористи. Гостите од Арачиново не се предадоа и во средината на ...

